Психологијата зад боите на машката мода

26 октомври, 20110
prihologija zad boja

Во машката мода, било да станува збор за правила на свечено или пак службено облекување, бојата главно се наоѓа на модните додатоци. Оделата главно се во сива, сина, црна, кафена или маслинеста боја. Кошулите може да бидат во најразлична боја. Сепак, најсилните бои се наоѓаат на модните додатоци, како краватите или пак џебовите. За неформални прилики дозволено е да се носат најразлични бои, дури и оние кои не спаѓаат во класично „машки“ бои.

Секоја боја има најразлилно значење и буди одредени чувства. Бојата може да го подобри целосниот впечаток, да влијае на нашето однесување, но и на нашето расположение. Што значат боите во машката мода?

Розева: Розевата боја е пријателска, но и боја на добро здравје. Одлична е за пролетни и летни комбинации и одлично се вклопува со сината и сивата боја.

Портокалова: Најчесто ја нарекуваат среќната боја. Таа покажува успех, храброст, авантуризам, топлина и ентузијазам.

Црвена: Црвената е боја на доминација и моќ, внимание, страст и енергија. Црвената кравата се смета за најмноќна кога станува збор за елегантното облекување.

Жолта: Оваа разиграна боја често се врзува со порака на оптимизам и самодоверба. За сончевите денови користете светла нијанса на жолта боја.

Зелена: Бора на просперитетот, престижот, виталноста и хармонијата. Тоа е бојата на парите во многу земји во светот.

Сина: Оваа боја зрачи со доверба и мир. Се поврзува со почитувањето, знаењето и интегритетот, како и искреноста и интелигенцијата.

Виолетова: Виолетовата е спиритуална и моќна боја. Најдобро се вклопува со темносина или црна комбинација.

Златна: Златната е боја на престижот и луксузот, но и на мудроста и просветлувањето.

Сребрена: Сребрената е елегантна и отмена боја и се вклопува скоро во секоја комбинација.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi