Путин ќе го замени Даниел Крег во Џејмс Бонд??
15 јули, 20110
Во центарот на Москва осамнаа плакати на кои рускиот премиер Владимир Путин е прикажан како Џејмс Бонд. Станува збор за рекламната кампања на руска компјутерска игра во која победникот на подарок добива ајпод.
Организаторите на оваа акција соопштиле дека на почетокот на оваа кампања не ни помислиле дека Путин ќе биде дел од неа. Имале неколку алтернативи, но кога дошле до идеата за Путин сите едногласно се сложиле.