Работниците за прв пат влегле во вториот реактор на “Фукушима“

18 мај, 20110
Fukushima-Radiation-water-sea-rising31
За прв пат од почетокот на нуклеарната катастрофа во атомската електрана “Фукушима“, повеќе работници го проверувале вториот реактор од постројката кој бил оштетен во разорниот земјотрес и цунами.
Облечени во специјална заштитна облека, четири работници денес влегле во дел од реакторот кој на 15 март го погодила силна експлозија, соопштил операторот “ТЕПКО“.
Работниците направиле мерење на радиоактивноста и го проверувале степенот на оштетување на реакторот. Во зградата биле задржани 14 минути.
“ТЕПКО“навел дека оваа акција е дел од напорите до крајот на идната година постројката целосно да биде исклучена и исфрлена од употреба.
По разорниот земјотрес и цунами на 11 март дошло до хаварија во нуклеарката “Фукушима“.
Системот за ладење престанал да работи после што дошло до прегревање на реакторите, што ја предизвика и најголемата нуклеарна катастрофа од Чернобил пред 25 години.
Во вториот реактор уште на почетокот на април со помош на роботи, била направена инспекција на работата на реакторите, која не била успешна заради превисока влага.
Во почетокот на мај работниците ја проверувале состојбата на тешко оштетениот прв реактор.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma