Работниот ден треба да трае 4 часа!

popara10 мај, 20111min00
pp01

Обидете се да направите тест: не одговарајте на сите телефонски повици, не ја проверувајте електронската пошта на секој две минути и напуштете го работното место малку порано од вообичаеното. Вчудоневидени ќе бидете од ефикасноста, велат експертите.

Една студија спроведена од страна на Д-р К. Андерс Ериксон, а ја објавил Psychological Review, дошла до заклучок дека за да се постигне голем успех во работата, треба да се работи напорно, но во кратки временски серии, и да се направи одмор пред да продолжите со работа.

Ериксон со својот тим оценувале група музичари, за да дознаат што врвните поедници правеле поинаку.  Откриено е дека изведувачите кои се занимаваат со  музика, и кои се фокусирале на музиката само 4 часа дневно, постигнувале подобри резултати од оние кои работеле 7 до 8 часа непрекинато. Најдобрите поединци сами на себе си поставувале цели, а за време на паузите се само мотивирале.

Резултатите покажале дека напорната работа наутро пред паузата за ручек, потоа паузата до 16 часот и продолжување со работа, имаат најквалитетни резултати. Авторите на студијата тврдат дека на овој начин се постигнуваат подобри и поквалитетни резултати во споредба со континуираната работа од 8 часа.

Авторите истакнале дека ова може да се примени во било која професионална активност.

Парето принципот 80/20

Само нашите работни навики, мотивираноста и контролата може да не доведат до состојба во која нашата продуктивност станува толку супериорна во однос на конкуренцијата.

Ериксон заклучува дека како еден идеален пример за оваа теза е парето принципот 80/20, кој објаснува како во 20% од времето се направени 80% од резултатите на проектот на кој се работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma