Мисисипи го поплави централниот дел на САД

10 мај, 20110
Mississippi River Delta 001
Централниот дел на САД го погодија најголемите поплави во последните 70-тина години, со што ширината на реката Мисисипи се зголемила до шест пати,а  водата ги поплавила куќите, нивите и патиштата, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Во меѓувреме, метеоролозите соопштиле дека месец април бил историски месец кога се во прашање неповторливите временски услови кои донеле обилни врнежи, силни ветрови, суши и пожари.
Минатиот месец бил забележан рекорден број на торнада и тоа 875 кои однеле најмалку 309 животи, во шест сојузни држави- Илиноис, Индијана, Охајо, Кентаки, Пенсилванија и Западна Вирџинија каде наврнал најмногу дожд во текот на еден месец, а во пожарите изгорела голема површина на земјиште.
Нова опасност во централниот дел на земјата  се заканува од Мисисипи, која од Мемфис, каде обично има ширина околу 800 метри, сега се зголемила на околу пет километри.
Куќите кои се наоѓаат во непосредна близина се под вода, додека поголемиот дел од  населението во Мемфис се штити со насипи и природни брани кои се под контрола на 150 воени инженери.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *