Додека милиони американци се борат со работодавците за осигурувањата кои покриваат малку, а чинат многу, една друга група на луѓе уживаат во своите бенефиции до крај, како на пример трансексуалците. Според АР, големите компании како што се Кока Кола, Волт Дизни, го прошириле својот пакет на осигурување за да им искочат во пресрет на трансексуалците работници. Постојат 85 големи бизнис и адвокатски компании кои ги покриваат трошоците за најмалку една операција, според извештајот за борба за човековите права, најголема организација која се бори за правата на геј луѓето. Трендот е придружуван од страна на заедничкиот притисок од адвокатите застапници на транвеститите и нивните права и осигурувања, да на промената на полот се набљудува и гледа како што тоа го сваќа и Американската медицинска асоцијација, а тоа е медицински зафат. Некои компании гледаат на покривањето на осигурувањето за промена на полот не само како на битна работа за човечките ресурси, туку и како добар бизнис потег. Тие сакаат да ги задржат врдните и исполнителни работници и целта им е да одржат 100% рејтинг во индексот на корпорациска еднаквост, кој го формира Борбата за човекови права. За да го одржат тоа ниво, до следниот индекс кој се формира на есен, компаниите мораат да понудат барем еден план за осигурување кој покриа најмалку 75 илјади долари вредна операција и лекувањето и третманот кој следи по неа препорачани од лекарите.