Радиоактивниот јод во морето близу Фукушима 3.355 пати над дозволеното

30 март, 20110
japannucleard

Нивото на радиоактивниот јод во морето во близина на оштетената јапонска нуклеарна електрана “Фукушима“ е 3.355 пати поголем од дозволеното, соопштила јапонската агенција за нуклеарна безбедност.

Во неделата нивото на радиоактивниот јод била 1.850 пати поголемо од дозволеното на околу стотина метри од јапонското крајбрежје, а ден пред тоа измерената количина била 1.250 пати поголема од дозволената, што укажува во која мера расте нивото на радиоактивноста. Јапонските службеници и понатаму ги отфрлаат тврдењата дека утврдената радијација е опасна по живиот свет во морето и велат дека храната од морето е безбедна, јавува агенцијата “АФП“. Истекувањето на радиоактивниот плутониум од нуклеарката “Фукушима“ би можело да потрае со недели и месеци, па поради тоа било многу тешко да се прави проценка на ризикот кој би настанал во иднина. Според последните официјални податоци, земјотресот и цунамито кои ја погодија Јапонија на 11 март, однесоа 11.232 животи, а 16.361 лице се водат како исчезнати.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *