Австралискиот актер, Рајан Квентен, познат по својата улога во серискиот филм “ Вкусот на крвта” иако немаше улога на херој, сепак во приватниот живот тој ја покажа својата храброст и човечност.
Додека тој се возел со својот автомобил, на улицата забележал некој маж, кој лежел на улицата и крварел. Рајан веднаш излегол од автомобилот и се упатил кон него. Викнал брза помош и останал покрај мажот се додека не пристигне возилото на брзата помош.