Рајот се продава за 75 милиони долари

22 јули, 20110
raj

Прекрасниот приватен остров Парадајс на Бахамите се продава за 75 милиони долари, објавено е на официјалниот сајт на познтата компанија за недвижен имот Sotheby’s. Површината на островот изнесува околу 155 илјади квадратни метри, а прекрасните песочни плажи го опкружуваат тиркизното море. Во цената е вклучен и луксузниот имот на островот – од главната вила, гостинската куќа и куќата за послугата, фитнес центар, базен, капела, аеродром за хелихоптери, голф…Загарантирано луксузно сместување за вкупно 22 члена од вашето семејство и 29 членови од персоналот.

На овој магичен остров се снимени многубројни филмски сцени, како и еден од деловите на серијата за популарниот таен агент Џејмс Бонд – “Thunderball”.

Цената на островот во текот годините постојано варирала. Во осумдесетите години на минатиот век за 79 милиони долари го купил Доналд Трамп, кој потоа за неверојатни 400 милиони долари го продал на медиумскиот магнат Мерв Грифин. Сеуште актуелниот сопственик е 75 – годишниот јужно – афрички хотелски и коцкарки магнат Соломон Сол Керзнер, кој островот го купил за 125 милиони американски долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi