Рамос: Следната година со Мурињо на четири трофеи!

7 јуни, 20110
ramos

Универзалниот играч од одбраната на Реал Мадрид, Серхио Рамос го пофали својот кoрмилар, Жозе Мурињо и изрази верување дека Мадриѓаните единствено со него на клупата ќе можат да и се спротистават на Барселона. Мурињо беше на критики поради тактичката поставеност против Каталонците во “Ел Класико” од април до мај, но Рамос гледа на позитивните аспекти по неговото доаѓање на “Сантиаго Бернабеу”. “На Реал му беше потребен некој како Мурињо. Ни требаше некој со таква личност и карактер. Сеуште од него учам нешпто ново секој ден. Тој секогаш гледа и на ситните детали. Реал има друга филозофија и начин на игра од Барселона, но и ние имаме амбиции да се бориме за четири трофеја следната сезона” изјави Рамос. Тој се надева дека клубот ќе го ангажира Кун Агуеро. “Кун е играч кој има квалитет да направи разлика” смета дефанзивецот на кралевите. Во Реал веќе пристигнаа Нури Сахин, Хамит Алтинтоп и Хозе Каљехон. Блиску до Мадрид се и Фабио Коентрао и Серхио Агуеро.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi