Вејн Руни пука од самодоверба откако главата му е полна со коса, иронично прокоментира британскиот The Sun. Руни и неговата сопруга заедно заминаа на одмор на Барбадос, каде деновите ги поминуваат на плажа, а ноќите во баровите.
Руни навистина се забавува, во однос на тоа дека веќе излегоа видеа на кои се гледа дека тој е најактивен на караоке забавите. Можеби не ги фасцинирал музичките критичари со гласовните способности, но неговата сопруга ја фасцинирал со сигурност. Таа на својот профил на Twitter обајавила: Ова беше фантастична ноќ, Вејн пееше микс од Битлси.
http://www.youtube.com/watch?v=GzdI95eufvI&feature=player_embedded