Реал – Кака може да замине!

popara5 мај, 20111min00
kaka

Реал Мадрид сепак е подготвен да го продаде Рикардо Кака на крајот на оваа сезона, но само по прифатлива цена за клубот. Медиумите пренесуваат дека на “Сантиаго Бернабе” веќе прават планови за преодниот рок, а во него ќе бидат вклучени само претседателот Перез, тренерот Мурињо и советникот Зидан, како и потпреседателот Хозе Анхел Санчез. Се очекува доаѓањето на играчот на Еспањол Хозе Каљехон, како и играчот на Борусија Дортмунд, Нуриј Сахин.

Ќе има многу заминувања од клубот, а на списокот се Јиржи Дудек, Педро Леон, Серхио Каналес и Фернандо Гаго. Ако стигне добра понуда за Кака, Реал ќе го ослободи, а се споменува и можна понуда од Сити од 25 милиони евра плус Емануел Адебајор, сепак тоа во овој момент се чини како невоможен расплет.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag