Вевчани

5 мај, 20110
IMG_3295

Вевчани се наоѓа во југозападниот дел на Македонија на падините на планината Јабланица на надморска височина од 800 m. Атарот на Вевчани се наоѓа северозападно од Охридско Езеро. Се протега во насока исток – запад, од подножјето, преку ридестиот терен, сè до сртот на планината Јабланица. Се граничи со општина Струга, а во потесен дел ја допира државната гранична линија со Албанија.

Траги од населбата постојат од III век пред Христа. Неговата прва локација не била денешно Вевчани, туку тоа се наоѓало нешто подолу од подножјето на планината Јабланица, на местото што денеска се вика Селиште. Можно е и да дошло до некакво спојување на античко македноска населба која се наоѓала во областа Вајтос која се наоѓа непосредно над Вевчани, со споменатата населба Селиште, така формирајќи го на денешната локација (меѓу Вајтос и Селиште).

Името на Вевчани потекнува од зборот вес, кој значи село. Така жителите на тоа село се селчани, а на Вес – весчани. Вака по пишуваното правило врзано за промените на зборовите во литературниот јазик, конечно се извела именката Вевчани.

Првите легенди и писанија за Вевчани велат дека е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на VI, односно почетокот на VII век, кога племето Берзити (Брсјаци) го преплавиле Струшкиот крај и ја населиле локацијата на денешно Вевчани, југоисточно од планината Јабланица. Тука повторно има мала неконзистентност, затоа што денес Вевчани е денес претежно мијачка населба.

За тоа од кога се среќава населбата Вевчани запишана во документите, низ вековите има повеќе изворни документи. Еден од нив е Калимановата грамота, како досега најстар истражен документ. Во него се говори дека Вевчани како селска населба е евидентно од крајот на IX век и тоа како мошне развиена, економски јака и обврзана да дава данок во натура на бугарскиот кнез Борис I, а по него и на царот Симеон Велики.

Вевчани е единствено подјабланичко место кое што успеало најмногу да одолее на исламизацијата од страна на Турците. Иако и тука се јавувале поединечни случаи на конвертити, тие не можеле да останат во таа средина којашто ги третирала како отпадници од христијанската вера.

Христијанството на овие простори оставило длабоки траги во животот, обичаите и верувањето кај луѓето, а со тоа и во изградбата на сакралните објекти, односно светилиштата. Тие се посветени на повеќе светители, а изградени се во и околу населбата. Ги посетуваат мештаните, но и жителите на околните населби. Обично тоа се чини во празници, но и во други пригоди.

Во близината на Вевчани се наоѓаат едни од најпознатите и најпосетени извори во Македонија, Вевчански извори. За вевчанци , изворите се нешто за што вреди да се гине. За луѓето што не се од Вевчани, а некогаш дошле да ги видат, нивната убавина е магнет кој долго ќе ги повикува назад, да се напијат од бистрата вода, да се изнадишат свеж воздух и да се најдат себеси во бучавата на студената вода. Вевчанските извори се едни од поретките псеудопериодски сифонски врела во Република Македонија. Изворите се лоцирани на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1500 литри во секунда

Еден од најпознатите настани во Вевчани е Вевчанскиот карневал. Се смета дека таа манифестација е стара повеќе од 1.400 години и е интересен спој меѓу паганското и современото.

Вевчанскиот карневал во суштина е обичај под маска, кој се нарекува „Свети Васиља“ (Василица). Се празнува на 13 и 14 јануари секоја година и е посветен на Св. Василиј Велики. На тој ден се дочекува новата православна година, а се испраќа старата. Инаку, тој е пагански обичај кој тука се сочувал сè до денешни дни. Учесниците во него се нарекуваат василичари. Тоа се маскирани поединци и групи од сите возрасти организирани по маала.

Тоа се маските на зетот и невестата, на музичарите, на Глупи август и на ѓаволите. Особено е карактеристична маската на Глупи Август. На вечерта спроти Василица, штом се спушти ноќта, горномалската и долномалската тајфа василичари тргнува во обиколка на куќите. Пред секоја оро, пред секоја грст мрсни шеги за домаќинот и домашните, песни, и ,, Сурва година, со женcки јагниња, машки дечиња, женски телиња…

Од 1993 година карневалот е член на Здружението на европските карневалски градови,во кое Вевчани на големо негодување на Грција, ја внесе Македонија под своето уставно име.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi