Реалити ѕвезда тврди дека чека бебе од Мел Гибсон?!! Аман бе Мел побудале на стари години:)

popara10 ноември, 20111min00
ooooooooooooooooooo

Реалити ѕвезда, која во текот на летото била во кратка врска со Мел Гибсон (55), им кажала на пријателите дека Мел Гибсон е татко на нејзиното дете, иако со оваа информација не сакала да излезе во јавност.
Мел Гибсон ги демантирал тврдењата на Лаура Белизи (35), а извори блиски до актерот изјавиле дека не е возможно Мел да е татко на нејзиното дете.
Лаура е во четврти месец на бременост. Таа се има појавено во шоуто “Secrets of  Aspen’ 2010, а со Мел се запознала преку заеднички пријатели во Малибу.
Ако тоа што го зборува Лаура е вистина, тогаш ова на Мел ќе му биде девето дете. Актерот има седум деца со неговата поранешна сопруга Робин Мур и ќеркичката Луција со русинката Оксана Григориев (40).
Лаура е веќе мајка на три деца од претходните две врски.