
Глумецот Кевин Бејкон тврди дека “валканиот секс“ е клуч на успешен брак. Актерот кој повеќе од 20 години е во брак со својата колешка Кира Седџвик, рекол дека тие двајца имале “луд“ брак, но и дека напорно работеле на нивната врска. “Секој брак е тешка работа, но она што јас секогаш го кажувам е: “Нека расправиите бидат чисти, а сексот валкан“, изјавил Бејкон. Бејкон додал дека бил шокиран кога Кира ја прифатила неговата брачна понуда во 1988 година. “Ја запросив на Божиќ, а прстенот го ставив во традиционаланта чорапа за подароци. Бев потполно шокиран кога рече да“.