Реган: Ќе фрламе бомби на Русите

13 ноември, 20110
насловна

Францускиот и американскиот претседател, Никола Саркози и Барак Обама не се единствени кои ги озборуваат останатите политичари зад затворени врати. Како што веќе е познато, тие двајца ја доживејаа голема непријатност кога се прошири во јавноста нивниот случајно снимен разговор во кој Саркози израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарекува лажго, а сега низ истото поминуват други официјални претставници.

Така поранешниот американски претседател Роналд Реган, очигледно опседнат со Русите, во текот на едно гостување на радио, пред почетокот на емитувањто, додека го тестирале звукот, “објаснил” како ќе го уништи тогашниот СССР.

-Драги Американци, Ве известувам дека денес потпишав закон со кој Русија ќе се избрише засекогаш. Почнуваме со бомбардирање за пет минути!

Оваа изјава подоцна е емитувана.

Гаф направил и британскиот принц Чарлс. Тој за време на една прес-конференција се свртел кон неговиот син и му шепнал:

-Ти немаш појма колку го мрзам сето ова. Не можам да ги поднесам  овие проклети луѓе. Особено го “подбрал” дописникот од Бекингемската Палата, велејќи дека е одвратен.

Изјавата на поранешниот француски претседател Жак Ширак за Британците, веројатно е намногу пати цитирана во медиумите. Тој се жалел на своите колеги од Германија и Русија на британската кујна, велејќи дека од неа полоша е само Финска. Тој исто така изјавил дека болеста на кравјото лудило е само придонес за Британија на европското земјоделство!

Некогашниот претседател на САД, Џорџ Буш познат е по најнебулозни настапи во јавноста, но и по озборувањето позади грб. За време на кампањата во 2000 година, кога на еден собир на новинари од Њујорк Тајмс, Буш на својот соработник Дик Чејниј му рекол:

-Еве доаѓа првооделенецот, кретен!

Ова го слушнале сите, а Буш се извинил, со објаснување дека тоа било само пријателски смешен коментар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi