Рекордни цени на храната, ќе се повтори ли светската криза?

19 јануари, 20110
food-waste

Цените на прехранбените производи достигнаа засега незабележано ниво, оценуваат Обединетите Нации. Причина за тоа е растот на цените на шеќерот, житото и нафтата. Цената на шеќерот е зголемена за 6,7 отсто, на житариците 6,4, а нафтата осум отсто. Соборен е рекордот од 2008 година, кога наглиот раст на цената на храната доведе до социјални нереди во повеќе земји. Вкупно, според некои пресметки, цената на храната во последните 10 години пораснаа за 80 отсто. Загрижува цената на пченицата која драстично порасна, а покрај тоа приносот од оваа житна култура во светот е многу лош. Во Европа цената на лебното жито е двојно зголемена. Во САД пченката поскапела за 50, а сојата за 34 отсто. Поплавите во Австралија веќе го зедоа својот данок. Посевите со шеќер и пченица најмногу се погодени од поплавите и според проценките ќе бидат намалени за 25 отсто, а за понатамошен раст на цената би можело да влијае и сушата во Аргентина. Сепак во ОН се надеваат дека скапото жито ќе го стимулира растот на производството на житариците, како што веќе се случи во 2008-ма година, а што потоа доведе до поевтинување на светскиот пазар. Истовремено, Меѓународната агенција за енергија предупредува дека постои опасност да се повтори финансиската криза од 2008-ма година, бидејќи цената на нафтата опасно расте.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi