Резолуцијата за напредокот на Македонија пред Европскиот парламент

popara6 април, 20111min00
0

Европскиот парламент денеска на пленарна сесија во Стразбур ќе расправа, а утре ќе гласа за резолуцијата за напредокот на Република Македонија на патот за членство во ЕУ.
Наместо Зоран Талер, кој поради корупцискиот скандал поднесе оставка, документот што на 16 март беше одобрен од Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент, ќе го брани бугарскиот европратеник од групата на Социјалистите и демократите Кристиан Вигенин.
Мартин Шулц, германскиот европратеник и шеф на групата на Социјалистите и демократите, смета дека резолуцијата е валидна и покрај тоа што таа беше изработена од Зоран Талер, чие име се најде на документот.
Европскиот парламент во резолуцијата уште еднаш бара итно отворање на преговорите за членство во ЕУ, со жалење што Советот не ги следел досегашните препораки на Европарламентот и на Европската комисија.
Европратениците жалат што разликите за името ја блокираат Македонија на патот кон ЕУ.
Во резолуцијата, наместо македонски јазик се употребува општата формулација, “официјален јазик“ на државата, но на неколку места е користена придавката македонски за назначување на македонската влада или македонските власти.
Грчките европратеници поднесоа неколку амандмани со кои се бара во финалната верзија за кога ќе се гласа утре, да биде избришана придавката “македонски“, додека британскиот европратеник Чарлс Танок со свој амандман бара македонскиот јазик да се ословува со неговото име, а не со терминот “официјален“ јазик на државата.
Грчките европратеници побараа да се избрише од резолуцијата делот во кој се зборува за средбите меѓу премиерите на двете земји како илустрација на добрата волја за наоѓање на решение за спорот со името.
Поднесени се вкупно девет амандмани, и сите се однесуваат на името и користењето на придавката македонски.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag