Откако пред неколку дена во едиторијалот на магазинот Гламур, му покажа на светот дека и таа може да биде елегантна и гламурозна, кратко и требаше на Ријана да се врати на својот препознатлив кичаст стил.
Сепак, станува збор за карневалот Kadooment Day, во родниот Барбадос, а Ријана очигледно едвај чекаше да се разголи и да ги покаже своите облини. Дождот кој во еден момент почнал да паѓа не ја спречило суперѕвездата да се абавува.
Ријана танцувала провокативно, а на публиката испраќала бакнежи и одлично се забавувала.
“Мој дом, моја земја, мој народ…Барбадос“, напишала подоцна на својот твитер профил.
Поради својата поуларност таа е прогласена и за кралица на карневалот.
Kadooment Day е традиционален празник на Барбадос, каде луѓето се маскираат и бараат среќа во одгледувањето на шеќерна трска.