Атрактивната црвенокоса пејачка од Барбадос го промени својот изглед. Повеќе не е црвенокоса.
Неверојатно колку брзо и здосадуваат работите на Ријана. И додека беше црвенокоса таа менуваше, имаше долга права, кратка, долга навиткана коса…
Овој пат се појави во едно опуштено издание со кафена коса.
Инаку Ријана на 20-ти август треба да се појави во судот во Њујорк, поради обвинението од фотографот Дејвид Лашапел дека ги злоупотребувала неговите фотографии и неговиот стил за потребите на нејзиниот спот S&M. Доколку Дејвид го добие спорот Ријана ќе треба да му исплати 2,5 милиони фунти.