Концертот на Ријана во Далас беше прекинат, а публиката евакуирана. Причина за тоа било тоа што избил мал пожар на бината.
Така концертот кој беше закажан за во петокот беше откажан. Публиката на време била успешно евакуирана, а организаторите велат дека единствениот виновник за инцидентот била поротехниката.
Противпожарната екипа брзо реагирала, и го изгасила пожарот. Набрзо по тоа Ријана се јавила на Твитер со зборовите: “ Далас, ја запаливме сцената! Буквално! Бесна сум заради тоа, затоа што многу убаво се забавувавме… ќе се вратам наскоро!