Ријана полека, полека ги поместува границите на своите настапи. Како малку да беа критиките до сега, па таа остава простор за нови.
Овој пат на концертот во Барбадос, кој е во склоп со нејзината турнеја Loud, таа на сцената повика еден 60 годишен господин од публиката, буквално легна на него и започна со валканиот танц. Се чинело дека мажот ќе доживее срцев удар од преголема возбуда.