Роберт Пaтинсон се плаши од кловнови

21 април, 20110
robert-pattinson

Ѕвездата на Twilight сагата открил дека има огромен страв од кловнови, откако како дете видел еден кој изгорел до смрт. Британскиот актер имал трауми и кажал дека одтогаш тој страв останал во него и го нема надминато. Тој изјавил на американското The Today Show “прв пат кога отидов во циркуз видов како умре еден кловн. Неговата  мала кола експлодира. Сите истрчаа надвор, беше застрашувачки“, изјавил Патинсон. Но актерот во неговиот последен филм кој го снима со познатата Риси Витерспун “Вода за слонови“, се соочува со неговиот страв, бидејќи треба да глуми млад студент по ветерина кој се приклучува на еден циркуз. Познатите Џони Деп и П-Диди исто така се плашат од кловнови, пишува британскиот The Sun..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi