Роби Вилијамс

1 јуни, 20110
robbie

Роберт Питер “Роби” Вилијамс e роден на 13 фебруари 1974 год. во Стоук-он-Трент. Тој е англиски пејач – текстописец, вокален тренер и повремен актер. Вилијамс се прослави со првото појавување на групата Take That на почетокот и на средината на ’90 – те години. По многу недоразбирања со менаџерскиот тим и одредени членови на групата, Вилијамс ја напушти групата во 1994 год. за да започне своја соло кариера. На 15 јули 2010 год. беше објавено дека тој повторно се вратил во Take Тhat и дека групата има намера да издаде нов албум во ноември 2010.

Роби Вилијамс продадено повеќе албуми во Велика Британија од било кој друг британски соло изведувач во историјата и досега има добиено повеќе Брит награди од другите изведувачи. Продажбата на неговите албуми е над 57 милиони копии низ целиот свет. Вилијамс влезе во Гинисовата книга на светски рекорди откако беа продадени 1,6 милиони билети во еден ден за неговата најавена светска турнеја за 2006 год.

Му беа доделени многу награди вклучувајќи шеснаесет BRIT и седум ECHO награди. Во 2004 год. беше примен во Британската музичка хала на познатите откако беше изгласан за најголем изведувач на ’90-тите.

Тој се појавува шест пати на листата на Топ 100 најдобро продавани албуми во Велика Британија.

На 23 октомври 2009 год. беше објавено дека тој ќе ја добие наградата за „Исклучителен придонес во британската музика“ на Британските музички награди 2010. Вилијамс ја доби својата награда на 16 февруари 2010 год. на крајот на церемонијата и изведе мешавина од неговите најголеми хитови како Let Me Entertain You, No Regrets, и Angels.

httpv://www.youtube.com/watch?v=US8cgUq_XBY

httpv://www.youtube.com/watch?v=KZECO5_gbq8

http://www.youtube.com/watch?v=9SkXA19g0OY&playnext=1&list=PL2A9D1F20AFE82814

http://www.youtube.com/watch?v=u7u9Fo_YChQ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber