Пројдоа шест месеци од кога шатлот Дискавери на својата последна мисија, во вселенската станица го донесе човеликиот робот наречен Робонаут 2 или Р2. Роботот беше сколопуван во вселенската станица од страна на астронаутите Сатоши Фуракава и Мајк Фосум.
НАСА известува дека не знае кога роботот ќе почне да функционира како нов член на екипажот на вселенската станица. Најверојатно ќе биде потребна цела година за да се утврди како роботот ќе реагира на свеленската станица и како нејзините „станари“ ќе реагираат на роботот. Робонаут би требало да им помага на астронаутите во основнотот одржување на станицата и нејзините поправки.
httpv://www.youtube.com/watch?v=280T1h2GooM
Робонаут тежи 150 килограми, изработуван е цели 11 години, во него се вградени 38 PowerPC процесори и преку 350 сензори. За почеток, Робонаут ќе биде прицврстн за пиедестал и ќе може да функционира во место, а НАСА се надева дека до крајот на годината ќе ги однесе и двата додатоци кои ќе му помогнат на Робонаут да се движи низ вселенската станица.