Родителите на бебето Хитлер го изгубија старателството над своите деца!

31 октомври, 20110
sduisa

Родителите кои своите две деца ги крстиле Адолф Хитлер и Ариевска нација, го изгубиле старателството над своите три деца, иако судот во Њу Џерси не нашол никакви докази за злоставување над нив. Судот пресудил децата да им бидат одземени на родителите без никаква причина.

„Судијата ни рече дека нема никакви докази за злоупотреба или запоставување на децаа, туку дека ни ги одземале поради нивните имиња“, изјавил Хит Кембел.

Хит и Дебора Кембел со уште тројца луѓе секој ден протестираат пред канцеларијата за детска заштита во Флемингтон, надевајќи се дека ќе им бидат вратени децата кои неправедно им биле одземени.

Случајот го достигна центарот на вниманието во медиумите кога една локална продавница несакала да ја украси тортата за нивниот син Адолф Хитле. Во јануари 2009 година за медиумите рачниот пар изјавил дека детето е исто како и сите три годишни деца.

„Ние не го растеме нашето дете за да стане убиец или нешто слично“, изјавила мајката Дебора. Само сакавме да му купиме торта, а ова е расистички циркус.

„Ова е Америка, слободна земја, што значи дека имам право на детето да му дадам какво име сакам“, изјавил Хит и додал дека судот до декември треба да одлучи дали да им се вратат децата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *