Роналдињо се враќа во Шпанија?

27 мај, 20110
RonaldinjoT

Враќањето во Шпанија ова лето може да биде една од можностите за плејмејкерот на Фламенго, Роналдињо. Атлетико Мадрид ќе се обиде од 45 милиони евра од продажбата на Агуеро, да ги вложи во нови играчи, а на радарот е 31-годишниот мајстор кој некогаш “жареше и палеше” низ Европа. Според мадридските медиуми клубот од главниот град на Шпанија веќе стапиле во контакт со Дињо, но не е познат неговиот став околу ситуацијата. Дињо пет години успешно настапуваше во Шпанија, во дресот на Барселона, од каде во 2008-та година замина во Милан. Тренерот Масимилијано Алегри му порача дека е прекуброен кај ‘росонерите’, па тој се упати кон Бразил, каде игра одлично и со својте потези потсетува на времето кога беше најдобар светски фудбалер. Роналдињо не е на списокот на репрезентативци на ‘кариоките’ за претстојната Копа Америка, но селекторот на Бразил, Марио Менензес му порача дека вратата за него е отворена.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi