Видич: Барселона не е само Меси

27 мај, 20110
Nemanja-Vidic-Rio-Ferdinand1_1989651

Странските медиуми ги пренесуваат пофалните зборови на Немања Видич пред овогодинешното финале во Лигата на Шампионите. Според нивните тврдења клучен дуел на мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Барселона ќе биде оној меѓу Видич и Меси. “Меси е голем играч и тешко е да се запре, но не смееме да потцениме играчи како што се Чави и Иниеста, кој можат да одиграат сјајно на големи натпревари” изјави Видич. Тој додаде дека Манчестер Јунајтед нема да има за задача да сопре само еден играч, туку целиот тим на Барселона. “Пред две години победи подобриот тим. Барселона е голема екипа и сигурно е дека ќе има голем посед на топката и во сабота вечер. На нас останува да ги искористиме слабостите кој секој тим ги има”. Јунајтед нема суспендирани и повредени играчи па така Алекс Ферусон на располагање го има најдобриот состав. “Фергусон ќе има тешка задача, бидејќи сите играчи се подготвени. Ќе биде тешко да се изберат стартните единаесет” додаде Видич. Меси досега никогаш не постигнал гол на гостувањата во Англија, па така неговиот евентуален погодок на ‘Вембли’ би бил негов првенец. Саботната борба за најпрестижниот трофеј во европскиот фудбал ќе биде единаесети меѓусебен дуел меѓу Барселона и Јунајтед. Скорот досега е потполно изедначен, по три победи на Баселона и Манчестер и четири нерешени дуели со просек од 3,1 гол по натпревар.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi