Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо беше задоволен од убедливата победа над градскиот ривал Гетафе. Мадриѓаните славеа со 4:0, а ЦР7 постигна хет-трик. Сега е на бројка од 36 голови во Примера. Рекордот во шпанската лига го држи Уго Санчез со 38 погодоци, но тоа не го загрижува португалската звезда. “Вистина е дека се борам за најдобар стрелец во лигата, но тоа не ми е опсесија. Соиграчите често гледаат да ми асистираат, па можев да постигнам и повеќе голови. Сепак колективните напори се подобри од индивидуалните. Играме на високо ниво. Приоритет ни е да победиме на сите натпревари до крајот на сезоната. Мурињо не замоли да го направиме тоа, а ние му одговоривме на најдобар можен начин” изјави Роналдо. Следниот натпревар Реал ќе го одигра на гости на “Ел Мадригао” против Виљареал.