Експлозии во Триполи, бунтовниците напредуваат околу Мисрата

11 мај, 20110
600_misrata_libya_explosions_ap_110424
Неколку силни експлозии рано утрото се слушнале во Триполи, а бунтовниците во обиколениот град Мисрата тврдат дека ги потиснале силите лојални на либискиот лидер Моамер Гадафи во источните и западните делови на градот и ги опколиле на подрачјето околу аеродромот, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Според зборовите на очевидците, експлозиите во Либиската престолнина започнале рано утрината и траеле скоро еден час, а за тоа време небото над Триполи го надлетувале млазни авиони.
Во Мисрата, која се наоѓа околу 200 километри источно од Триполи, е под опсада на силите на Гадафи веќе два месеци, а бунтовниците тврдат дека победиле во жестоки борби во одредени делови на градот.
“Нашиот план е да ги избркаме силите на Гадафи од подрачјето во близина на аеродромот и воздухопловната академија каде во моментот се наоѓаат“, изјавил претставник на бунтовниците.
Мисрата е стратешки важен град кој е под контрола на бунтовниците на западот на Либија.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit