Зошто жените се будат пред мажите?

11 мај, 20110
The girl sleeps on pink bed-clothes

Разликите меѓу мажите и жените се многубројни, а едно ново истражување покажува и дека жените имаат пократок сон од мажите, затоа тие се будат порано. Тоа може да предизвика кај  нив и повисоки стапки на несоница и сезонска депресија.

“Се поставува прашањето, колку лесно заспиваат жените и колку е добар нивниот сон“, рекол еден од истражувачите во студијата, Џени Дафи.

Истражувачите откриле дека еден просечен циклус на спиење-будење (деноноќен ритам) кај жените е шест минути пократок, отколку кај мажите, но во реалноста, дамите се будат половина час порано.

Екстремно спиење

Тимот на истражувачи го проучувал циклусот на спиење на 52 жени и 105 мажи, помеѓу 2 и 6 недели во лабораторија. Тие истражувале два индикатора, деноноќниот ритам, телесната температура и нивото на хормонот мелатонин.

Без надворешни влијанија, телото се препушта во природен циклус, кои понекогаш е подолг или пократок од 24 часа. Во оваа студија 35% од жените имале пократок деноноќен ритам од 24 часа, наспроти 14% кај мажите.

Зошто жените?

Нивото на естроген, може да биде одговорот, велат истражувачите. Ова значи дека нивоата на хормоните може да го менуваат деноноќниот ритам. Откривањето што го контролира нашиот биолошки часовник е најважното прашање во изучувањето на човековата хронологија, рекол Алфред Леви, професор на медицинскиот факултет во Портланд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi