Роншамп

8 август, 20110
naslovna

Црквата на Le Corbusier

Швајцарско-францускиот архитект Le Corbusier, чие што полно име му е Charles-Édouard Jeanneret, дотогаш се занимавал со изградба само на цркви и со проблеми поврзани со изградените објекти во градските подрачја. Неговите дела, како на пример Швајцарската куќа во Париз, го направија најпознат низ целиот свет. Затоа се двоумеше кога во 1950 година му беше предложено, да ја обнови црква Nort-Dam-di-Ot од Роншамп, која била уништена за време на Втората Светска војна.

Le Corbusier

Големо внимание беше посветено на изборот на локацијата. Во, јуни 1950 година биле направени првите скици. Инаку, скиците се разликувале од вообичаените што и самиот Le Corbusier зборуваше за една “нова, луда и дрска, но всушност храбра градба“. Внатрешноста на црквата била замислена нешто слична како “пештера без планина“. Надворешниот облик, потсетува на некоја модерна градба, а не на црква, но надбискупот од Бекансон и комисијата ги одобриле овие нацрти. Четири години од почетокот на изградбата, црквата била завршена. Во црквата со димензии 25 х 15 метри, има простор за најмногу 250 лица. Олтарот и проповедничката говорница се изградени под отворено небо. “Во ниту еден момент не размислував дека е потребно да создадам нешто, што ќе го привлече вниманието на јавноста“, коментираше Le Corbusier.

Но, сепак, по завршувањето на изградбата на црквата, не постоеше ниту една градба на светот која добила толку многу комплименти и позитивни критики. Целосна асиметрија, во камбанариите не се сместени камбаните, туку служат за продирање на светлината во внатрешноста на црквата – сепак, на почетокот сето тоа ги исплаши критичарите, бидејќи премногу ги потсетуваше на Picasso.

Но, Le Corbusier не ја оспоруваше сличноста, “Апстрактната уметност, која денес предизвикува голем број жестоки дебати, го даде резултатот – Роншамп“.

Оној кој што бара раскош и убавина во една црква, ќе биде разочаран од Роншамп. Црквата е изградена високо над шумата Шеримон и не може да се примети на прв поглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma