Рубенс Баричело

22 август, 20110
0

Рубенс Баричело е роден на 23-ти мај, 1972 година во Сао Паоло, Бразил. Во моментов тој вози за тимот на Williams F1. Тркањето било дел од животот на Рубенс уште како дете, кој пораснал покрај авто-патеката Интерлагос во Бразил. Тој ја започнал картинг кариерата на само 6 години и станал бразилски шампион. Но, неговиот сон бил еден ден да вози во F1, затоа како тинејџер се преселил во Европа. Во 1990 година победил на европскиот Formula Opel шампионат и следната година победил на британскиот Formula 3 шампионат. Во 1992-та тој завршил трет во Formula 3000.

Баричело ја започнал кариерата во Formula 1, на свои 20 години. Уште на третата трка, кај него било видливо дека се раѓа идна F1 ѕведа. На големата награда на Донингтон, Англија тој на само 5 кругови до крајот бил на третата позиција, но поради мал проблем со притисокот во пумпата за гориво морал да се откаже од трката. Неговиот ментор и пријател Аиртон Сена, победил на трката со едно од најдобрите возења на влажна подлога.

Следната година, Рубенс исто така играл голема улога за време на викендот кој ќе биде запамтен во името на Сена. За време на тренинзите за големата награда на Сан Марино, Баричело се судрил и ја повреди раката. Следниот ден, Роланд Ратценберг, починал во квалификациите за Гран Прито на Сан Марино во 1994 година. За време на трката, Аиртон Сена се удрил во заштитниот ѕид на патеката и исто така починал. Одеднаш, целата надеж за Бразил во Formula 1, се насочила према Баричело, додека нему му требаа години за да ја преброди смртта на Сена и да ја докаже одговорноста спрема неговата земја. Тој возеше за тимот на Jordan, од 1993-та до крајот на 1996-та година.

Потоа во 1997-та тој преминал во тимот на Stewart Ford и возеше за истоимениот тим се до крајот на 1999-та година. Првата трка на која тој победил била за големата награда на Хокенхајм во 2000-та година, веќе во тимот на Ferrari. На победничкиот подиум, Баричело плачел, погледна кон небото и помислил на Сена. Таа сезона тој завршил на 4-то место во генералниот пласман со 62 освоени поени. Сезоната во 2001-та година тој освоил трето место во генералниот пласман, со 56 освоени поени, додека сезоната во 2002-та година тој кулминираше со 2-то освоено место во генералниот пласман и 77 поени.

Неговата кариера блесна во тимот на Scuderia Ferrari Marlboro и тој повторно завршил втор во генералниот пласман во 2004-та година со 114 освоени поени. Баричело возел за тимот на Ferrari се до крајот на 2005-та година, од кога неговата кариера почна да оди надолу. Во 2006-та година тој премина во тимот на Lucky Strike Honda Racing и заврши 7-ми во генралниот пласман, додека наредната година заврши 20-ти без освоени поени во генералниот пласман. Во 2008-та година сезоната ја заврши 14-ти со 11 освоени поени. Сезоната во 2009-та година повторно се случила промена, овој пат позитивна за Баричело каде тој завршил трет во генералниот пласман возејќи за тимот на Brawn GP.

2010-та година не била од големо значење за Рубенс Баричело, кој завршил 10-ти во генералниот пласман за тимот на AT&T Williams. Оваа сезона, тој се наоѓа засега на 17-то место и се уште вози за тимот на Williams

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *