Русија заинтересирана за суперкомпјутери

28 јули, 20110
superpc

Рускиот претседател Димитриј Медведев неодамна го посетил московскиот државен универзитет за да го види супер компјутерот “Ломонсов“ на компанијата “T-Platforme”, кој го зазема 13 место на најновата јунска листа за 500 најмоќни суперкомпјутери во светот, а трето место на новиот референтен тест “Graf500” кој ја мери брзината на извршување на графички операции на голем број податоци.

На листата објавена во јуни имало 29 системи, а Ломоносовиот осови трето место, иако имал најдобри перформанси изразени со нов мерен параметар TEPS (traversed edges per second) и за одредената димензија на проблемот.

Руската позиција во областа на суперкомпјутерите почнала да се менува кон подобро благодарение на московската компанија “T-Platforme” и Медведев кој лично тој самиот смета дека овие моќни машини се многу важни за иднината на земјата.

Компанијата “T-Platforme”, покрај што промовира користење на суперкомпјутери во Русија, продава свои системи во Европа, а планира да почне да ги нуди и на американскиот пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *