Русите направиле вакцина за заштита од радијација

popara24 март, 20111min00
5
Вакцина која ја неутрализира радијацијата во живите организми, пронашле руски научници од Владикавкаскиот научен центар РАН, а ќе се користи најверојатно за “хероите“, кои помагаа во несреќата во Фукушима во Јапонија, објавуваат медиумите во Москва, пренесува Нетпрес.
За вакцината, која е во завршна фаза на испитување, заинтересирани се и јапонски стручњаци бидејќи овој препарат делува во случај да концентрацијата од радијацијата во воздухот биде дури и илјада пати повеќе од дозволената, пренесува Глас на Русија. Според зборовите на надлежните во оделението за биотехнологија во Владикавкаскиот центар, професор Вјачеслава Малијева, вакцината е направена во сооработка со националната аерокосмичка агенција на САД и испитувањето е во завршна фаза. Озрачени животни за експериментирање  кои го примиле рускиот препарат преживеале, а  два месеци подоцна во нивниот организам не биле пронајдени никакви пореметувања или заболувања.
Во следната фаза од испитувањето на вакцината, таа освен на животни, се користела и кај луѓе, при што човечките ќелии веќе го покажале делотворното дејство на препаратот. Вакцината делува во случај на пречекорување на дозволената норма на радијација од преку илјада пати, тврдат научниците од Владикавказ, но засега никој не зборува за нејзината клиничка примена.За развој и тестирање на препарати за лечење од болести, предизвикани од радијација, кај кои се разорува ДНК ткивото, обично се потребни години, изјавил раководителот на лабораторијата во Сверускиот центар за ургентна и радијациска медицина МБС во Русија, Волдемар Тарита.
“Меѓу наједноставните и најпристапните средства, кои го смалуваат степенот на влијание на радијацијата врз човекот се препаратите со јод, кои ја чуваат штитната жлезда. Но, во случај на нормално радијациско влијание, не треба да се користат само лекови и адитиви кои содржат јод бидејќи неговата прекумерна доза доведува до негативни последици како што се алергија, грозница и различен дерматис. За превентива е доволно да се јаде морска зелка“, рекол Тарита.
Според неговите зборови, по враќањето на руските спасувачи, кои работеа во Јапонија по несреќата во Фукушима, сите ќе бидат прегледани со посебни апарати на Сверускиот центар за ургентна и радијациска медицина во Санкт Петербург
“ Имаме еден спектометар за мерење на озраченоста кај човекот. Тоа е голема метална комора, во која се одредува присуството  на радијациските честички во организмот. Сега ги чекаме нашите спасувачи кои работеа во Јапонија бидејќи тие го дишеа тој воздух. Поради тоа ќе бидат прегледани кај нас и ние ќе внимаваме на тоа да во нивниот организам се биде чисто “, изјавил Тарита.
Во изминатите денови во Јапонија, во областите кои настрадаа од земјотресот и цунами бранот, работат 150 руски спасувачи. Тие досега прегледале околу 100 квадратни метри територија и извлекле од урнатините 112 загинати Јапонци. Концентрацијата на радијацијата во регионот каде работат руските спасувачи изнесува 0,3 до 0.4 микросиверта на час, што е под дозволените вредности, и досега, за целото време на нивниот ангажман, нивото на радијација не ја поминало максимално дозволената концентрација.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma