САД: Гадафи мора да си оди

11 јули, 20110
State-Department

Стејт департментот соопшти дека САД и понатаму цврсто веруваат дека либискиот лидер Моамер Гадафи мора да си оди по 41 година власт, откако францускиот министер за одбрана Жерар Лонг вчера се заложи за компромисно решение со либиските бунтовници.

“Либиските граѓани се тие кои треба да одлучат како ќе се одвива транзицијата, но ние и понатаму цврсто веруваме дека Гадафи не може да остане на власт“, соопштил Стејт департментот.

Лонг во Париз изјавил дека е време силите лојални на Гадафи и либиските бунтовници да постигнат политички компромис затоа што како што тој рекол, “со сила не може да се постигне решение“.

Бунтовниците бараат Гадафи да си оди за да може да почнат преговорите за политичката транзиција, она што тој го отфрли.

Силите на Гадафи вчера изведоа контранапад на позициите кои ги заземале бунтовниците југозападно од Триполи, откако тие го пресекле нафтоводот кој им служел за снабдување на неговите сили.

Силите на либиските лидер испалиле шест ракети кон малото село Гуалиш, оддалечено 50 километри од престолнината, а бунтовниците одговориле со антитенковски оган.

Неколку часа пред нападот на силите на Гадафи, НАТО ги бомбардираше позициите во таа област.

Извор: Нетпресс

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi