И старите римјани пиеле таблети

11 јули, 20110
9345413784e1ab148822a4620501537_orig

Кутија за прва помош, која била пронајдена во остатоците од потонат брод пред 2000 години, дава увид во лековите кои ги правеле древните лекари за лечење на морнарите од дизентерија и други болести.

Во дрвената кутија која била откриена имало таблети направени од тревки, билки и растенија, како што се целерот, кромидот, морков, зелка, костени и луцерка, состојки кои се опишувани во класичните медицински текстови.

Таблетите, кои биле толку добро затворени што се сочувани и покрај тоа што под вода поминале повеќе од два милениума, се состоеле исто така и од магдонос, ротквица, хибискус и ајдучка трева.

Тие биле пронајдени во трговскиот брод долг 15 метри, кој потонал некаде околу 130 години п.н.е. помеѓу италијанскиот брег и островот Елба.

Таблетите се досега најстарите археолошки древни лекови кои се најдени, се пиеле со вода или вино, а истопени се користеле како мелем за испекотини или рани на кожата.

Потонатиот брод е најде уште од 1974 година, а кутијата со лекови во 1989 година, но научниците дури сега можеле да ги анализираат состојките на таблетите користејќи специјална технологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit