Властите во САД им препорачаа на американските компании да почнат да купуваат нафта, гас и нафтени деривати од либиските бунтовници, објави “Асошиејтед Прес“, пренесува Нетпрес.
Одлуката ја донела службата за контрола на странските активи, при министерството зафинансии на САД. Мерката означува дека бунтовниците, претставувани преку Преодниот национален совет во Бенгази, ќе можат да реализираат приходи од продажби на суровини за да се снабдуваат со оружје и други потребни стоки. Американскиот претседател, Барак Обама, претходно одлучи на либиските бунтовници да им даде помош од државните резерви и во готовина во износ од 25 милиони долари.
Моментно делегација од претставници на либиските власти е во Венецуела, за да ги разгледа можностите за евентуален мирен исход од воените дејствија во Џамахиријата, јави “Ројтерс“, повикувајќи се на информација од кабинетот на венецуелскиот претседател Хуго Чавес.
Претседателот на Венецуела е во одлични односи со Гадафи и пред извесно време предложи свое посредништво за преговори меѓу бунтовниците и либискиот режим, кој го поддржуваат и претседателите на Боливија, Куба и Никарагва.
По вчерашната средба со министрите за надворешни работи на земјите од Латинска Америка и Карибите, Чавез рекол дека воздушните напади на НАТО во Либија се незаконски и нвната цел е ликвидација на Гадафи, пишува АП.
Извор: Нетпрес