Саиф Ал Ислам: Не сум уапсен, а татко ми е на сигурно! е ај сега..??!!

23 август, 20110
gada

Синот на либискиот лидер Муамер Гадафи, Саиф ал Ислам, за кого се тврди дека бил уапсен, се сретнал со новинарите во понеделникот навечер во Триполи, и изјавил дека не е уапсен од страна на бунтовниците, и дека татко му е на сигурно.

“Овде сум за да ја побијам лагата”, изјавил Саиф, коментирајќи ги извештаите за негово наводно апсење. Саиф изјавил дека Триполи  е под “контрола на режимот”.

“Триполи е под наша контрола. Тоа треба сите да го знаат. Сè е во ред во Триполи”, им изјавил Саиф, на новинарите пред комплексот на Гадафи, “Бен Ал Азизијa”.

Известувачот на BBC објавил дека Саиф се сретнал со странските новинари во хотел во Триполи, и на прашањето дали неговиот татко е на безбедно, тој одговорил: “Секако”.

Да потсетиме дека, “Меѓународниот кривичен суд во Хаг” го бара Саиф ал-Ислам за злосторства извршени против човештвото, а тужителот на судот, Луис Морено Окампо и предходно имал изјавено дека Саиф (39) бил уапсен.

httpv://www.youtube.com/watch?v=_CZ82mfHU9w&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi