5 техники за подобрување на меморијата

23 август, 20110
thniki

Што уште требаше да купам? Каде ја паркирав колата? Дали ја исклушив ринглата? Ова се само дел од прашањата што повеќето од нас си ги поставуваат. Иако нема потреба да ги складирате непотребните информации, не е ни добро да бидете изгубени.

Локациски  метод

Се смета дека оваа техника на памтење е користена уште во времето на старите Римјани. Се заснова на употреба на познати облици или шема, како би се запамтила листа на зборови. Наједноставен начин е во таа смисла да ја искористите својата куќа.

На пример ако е куче првиот збор на списокот, трба да замсилите куче кое трча пред вашата куќа. Доколку другиот збор е цвеќе, треба да замисилите дека влегувате во куќа полна со цвеќе.

Метод пин

Овој метод подразбира, поврзување т.е. заклучување на броеви или букви со одреден предмет. Кога се трудите да запамтите листа, го доведуватте секој предмет со пин што претходно сте го осмислиле. Идеата е да го користите овој метод повеќе пати, пред  да креирате нов кога нешто треба да запамтите.

Техника разделување

Можеби оваа техника не е толку стара како другите, но е најлесна за објаснување. Се применува за разделување на поголему групи на информации на помали делови, со што се олеснува памтењето на податоци како и нивно складирање во долгорочна меморија.

Питагорова метода

Секогаш пред да оди на спиење Питагора секоја вечер се присетувал на случувањата и деталите кои му се случувале тој ден. Почнал да прескокнува по некоја вечер, па се присетувал на повеќе од еден ден, демонстрирајќи способност да запамти информации и детали повеќе од еден ден.

Метод  Гематрија

Методот претставува стар еврејски систем на доделување на букви и броеви во целта на памтење, првата буква во хебрејската азбука има број 1, втората буква број 2 итн. Во друг пример, броевите и буквите може да парираат едни на други на основ сличност на обликот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *