Сакате да гледате порно филмови заедно?

31 јули, 20111
gledanje porno

Гледање порно филм заедно со партнерката може да биде многу забавно и секси. Но како да ја убедите да ви се придружи? Се што ви треба е вистински пристап и парвиот филм.

Ако сакаме да ги убедиме жените да гледаат порно филмови заедно со нас, прво треба да разбереме зошто порно филмовите не им се допаѓаат на жените.

Најчестата причина е што порно филмовите се направени за мажи. Размислете: во еден просечен порно филм, жената на почетокот го зема машкиот полов орган во уста, потоа тој неколку пати ја удира по задникот како предигра и жената е спремна за стенкање и диво јавање (се надеваме дека сте свесни дека во реалноста работите не се толку едноставни). Обично ја гледаме само жената и машкиот полов орган. За жал, повеќето жени не се палат на такво порно. Не само што не се палат, туки и не можат да разберат што вас ве возбудува. Исто така, многу жени се плашат дека нема да ги исполнат очекувањата ако гледате порно филм. Дали ќе можат вистински да ве задоволат со нивните обични тела и нормални способности? Друг многу силен фактор е воспитувањето и религиозните погледи.

Многу е важно да ги откриете причините за нејзината резервираност и заедно да дојдете до решение.

Постигнете ја целта низ разговор

Како и за многу други нешта, се почнува со разговор – со образложување на вашите погледи и убедувања. Можеби ќе откриете дека проблемот не е што таа не сака порно филмови, туку не и се допаѓаат тие што вие ги гледате.

Можеби вашата партнерка ќе ве изненади и ќе ви каже дека таа ужива да гледа порно филмови и дека уште од тинејџерските денови едвај чека да почнат полноќните филмови за да може да мастурбира гледајќи ги. Во ваков случај, нема да има проблем заедно да гледате порно. Можете дури да и предложите да снимите и еден ваш филм.

Ако не сте толку среќни и вашата партнерка верува дека сите што се вмешани во порно индустријата треба да се пратат во затвор, најдобро откажете се од темата бидејќи тешко дека ќе ја убедите.

Вашата стратегија

Ако чувствувате дека има светлина на крајот на тунелот, обидете се да ја преобратите. Најдобро би било ако се обидете заедно да гледате порно филм. Одберете некој што прикажува реалистична слика на сексуален чин, има предигра и за жената, сензуалност и еротски амбиент.

Друго нешто што оди со гледање порно е одење во секс шоп или истражување на сопствената сексуалност на интернет. За почеток, слушнете ги нејзините желби. По гледањето на порно филмот, можете да разговарате за тоа што ви се допаднало. Бидете внимателни пред да го кажете своето мислење. Обидете се да го држите под контрола вашиот ентузијазам, бидејќи можете да разбудите одбрамбен механизам.

Гледањето порно треба да биде пријатно искуство и нема потреба да го присилувате вашиот патнер. Луѓето имаат различни желби и средства затоа што е забавно и секси. А така и треба да биде.

 

One comment

  • Dragan

    31 јули, 2011 at 22:33

    zna4i mn. e glupa statijava!!!!!!!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi