Неверојатната вештина на овој австриски „креатор“ на маици се состои од многу фантазија, вешти раце и остри ножици. Кога сето ова го имате на располагање, во истиот момент може да започне магијата.
Видео клипот на кој еден Австралијанец по име Адам Сакс прави маички и тоа на лице место, на самиот модел, за неколку минути до сега го имаат видено над осум милиони луѓе на Youtube.
– Одсекогаш сум сакал да гледам повеќе кожа од вообичаеното – изјавил Сакс кога го запрашале што мисли за својата вештина.
Слободно можете и вие да пробате и да го следите неговиот пример, но за почеток ви советуваме да земете некоја постара маичка која подоцна, ако не ви успее подвигот, ќе можете да ја искористите како крпа за бришење.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=4tIZ35DVlNQ