Sammy Hagar поранешниот пејач на Van Halen вели дека бил киднапиран од вонземјани

22 март, 20110
1

Sammy Hagar  поранешниот пејач на Van Halen за МТВ изјавил дека бил киднапиран од вонземјани.
Рокерот, напишал во својата книга, “видов вселенски брод и две суштества во внатрешноста на бродот… Тие беа поврзани со мене, со некој вид на мистериозна безжична конекција.”
Sammy Hagar вели дека во времето кога бил киднапиран тогаш се уште не постоеле компјутерите па дури немало ни безжични телефони.Тој објаснува дека тие биле поврзани со неговиот мозок и разменувале информации, како да правеле експеримент врз неговиот мозок.

Интересна работа е што тоа не му било прв пат да има блиска средба со вонземјани.

Кога имал 4-години видел вселенски брод како лебди над полето во негова непосредна близина, но тогаш тој си мислел дека тоа е некаква кола без тркала која кревала голема прашина.
Sammy Hagar вели дека некои од неговите помалку познати песни како “Вселенска Станица  5,” и Сребрена светлина, “произлегле од неговите искуства со вонземјани.
Запрашан зошто порано не ги раскажал неговите искуства со вонземјани, тој оговорил “во тоа време не знаев како да го објаснам сето ова.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *