Многу луѓе ја сакаа, многу ја ценеа и многу ја мразеа…но таа стана дел од историјата – Маргарет Тачер.
Конзервативната британска премиерка, почитувана меѓу традиционалистите и капиталистите, а напаѓана од страна на прогресивците и работничката класа, доволно е интригантна и важна историска личност со што доби и своја филмска биографија.
Познатата “железна дама”, како што многумина ја нарекуваа, ја игра еднакво легендарната Мерил Стрип.
Како Мерил Стрип ја прикажала британската премиерка која ја памети целиот свет можеме да видиме во првиот трејлер за овој филм кој е во режија на Филид Лојд.
http://www.youtube.com/watch?v=Im2UvBs_gfs&feature=player_embedded