Санчез во Барса од вторник?

19 јуни, 20110
alexis-sanchez

Удинезе и Барселона наводно постигнале договор околу трансферот на Алексис Санчеџ на ”Камп Ноу” и одличниот фудбалер веќе во вторник би можел да стане нов член на шампионот на Европа.

Откако пред неколку дена беше официјално објавено дека преговорите со Удинезе траат, денеска шпанските медиуми пренесоа дека трансферот ќе биде готов за неколку дена.

Сумата која Каталонците ќе ја платат уште не е позната, но се смета дека е 30 милиони евра.

Санчез утре патува во Барселона на финални преговори околу договорот, по што ќе ги мине лекарските прегледи.

Санчез ќе игра на Копа Америка со Чиле од од 1. до 24. јули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *