Откриени најстарите пирамиди во Перу

19 јуни, 20110
machu3.gif
Перуанските археолози неодамна откриле, во северните џунгли на Перу, два древни комплекси со пирамиди, стари преку 4.000 години кои можеби се најстарите храмови откриени во таа земја.
Откривањето на два древни комплески со пирамиди во близина на градот Хаен е доказ дека монуманталната архитектура, илјадници години пред доаѓањето на Шпанците, се проширила преку Андите и дошла до џунглите.
Двете наоѓалишта, Монте Гранде и Сан Исидро, биле прекриени со вегетација и локалните жители ги користеле како отпад и тоалети пред доаѓањето на археолозите кои почнале ископувања.
Водачот на тимот, перуанскиот археолог Квирињо Оливера, тврди дека храмовите се дело на Бракаморос културата – конфедерација на амазонски племиња кои живееле на денешната граница на Перу и Еквадор.
Според него, пронаоѓањето на храмовите е единствено, не само заради нивната древност туку и заради локацијата, контакт зона меѓу џунглите и Андите.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi