Саркози прошета со ќеркичката! :)

2 ноември, 20110
Sarkozi

Францускиот претседател и првата дама  на Франција прошетаа со својата ќерка Џулија во прекрасните градини на Версај.

Фотографиите од лежерно облечените родители во опуштена прошетка со своето новороденче веднаш го заобиколија светот, иако познатата Карла Бруни вети дека бебето нема да го користи како ПР и нема да биде адут во предизборната кампања на својот сопствен татко.

Инаку, Саркози ќе треба да се избори за уште еден мандат во Елисејската палата.

За Никола Саркози (56) и Карла Бруни (43) ова е прво заедничко дете. Саркози има три сина од предходните два брака, додека Карла има еден син од предходната врска.

Саркози и Бруни се венчаа во 2008 година по само 80 дена љубовна врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *