Се имате ли запрашано зошто потемнуваме на сонце?

popara23 август, 20111min00
насловна

Кој зрак го содржи сонцето ? Кој ни се корисни, а кои штетни ? Дали солариум е вистинска подготовка за сонце? Како да добиеме доволно витамин Д, а да не изгориме и остареме пред време ?

Со децении трае борбата на лекарите против претераното излегување на сонце. Во последниве години многу се зборува за добрите страни на сонцето. Запознајте го сонцето и неговите ефекти пред да почнете да се пржите.

Сончевите зраци содржат УВА и УВБ зраци, додека УВЦ во поголема мерка се чуваат од страна на озонската обвивка. После 20 минути, изложеноста на кожата добива јаки УВБ и УВА зраци од кои може да се добијат изгореници. За овој ефект виновна е вашата преслаба УВБ заштита.

Дополнителното излегување на УВ зраци ја менува генетската структура на клетките на кожата и предизвикува оштетување.

За жал сончевото зрачење е такво што кожата многу тешко се опоравува од него. За сето тоа време што со години сме излегувале на сонце, овој вид зрачење се собира и доведува до прерано стареење на кожата.

Од друга страна, умерено изложување на сонце овозможува синтезата со витамин Д, благотворно да делува на една група на воспалителните процеси на кожата и овозможува добро расположение. Синтезата на витамин Д, престанува оној момент кога не нанесувате заштитен фактор 30 на кожата. Тоа е причина зошто се препорачува 15 минути излегување на сонце без заштитен фактор.

Во минатиот век белата кожа означувала аристократска припадност. Темен тен имале само  жените кои работеле на поле. Денес популарноста на младите е да имаат темен тен и се изложени на вештачко зрачење на солариум.

Кога сме на море или планина заштитен фактор 30 треба да се нанесува на лицето на секои 2 часа. Тоа е начин да ја зачуваме кожата на лицето од прерано стареење. Кога е во прашање телото правилата се слични, а сончање во период од 12 до 17 часот не се препорачува.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma