Се издава најскапиот стан во Лондон
Сакате да живеете во пентхауc во Лондон, а истовремено да имате прекривки од крокодилска кожа, кристали… луксуз на секој чекор, за сето тоа да го добиете ќе треба на банковната сметка да имате 40 илјади фунти, неделно!
Пентхаусот во Лондон, кој има шест спални соби, две кујни, просторија за масажа, фитнес, шест тераси и градини, се издава по цена од 40.000 £ неделно! Оваа “гнездо” е првиот во листата на најскапите имоти, кои се досега издадени во главниот град на Англија, јавува “Daily mail.”
Просторот е збогатен со кожи од ретки животни, кристали и со други луксузни детали. Од сите страни е опкружен со големи прозорци па така можете да уживате во погледот на бројните знаменитости во Лондон.
Ако цената ве загрижи, има и бенефиции, ако оставите капар за наредните шест месеци, овој стан ќе ве чини 25 илјади фунти неделно!