Се крчка нешто а?:) Киро Блажевиќ за Хрватските медиуми: Ќе ви го згорчам животот ако ја превземам Македонија:)

popara1 август, 20111min00
miroslav-ciro-blazevic

Аууу како успеаа да не стават во група со Србија и Македонија? Се запрашал Мирослав Чиро Блажевиќ.
Поранешниот тренер на хрватската репрезентација потоа малку подзастанал и размислил и во негов стил изјавил:
– Не е важно, ова не е тешка група. Хрватска овде е голем фаворит.
– Би можеле да имаме проблеми доколку јас ја превземам Македонија.

Чиро веќе е во комбинација за тренер на Македонија, сега моментално на клупата на Македонската репрезентација е Бобан Бабунски. Но тоа е само привремено решение,  додека не се најде некое звучно име да го замени, пишуваат некои хрватски медиуми.

– Јас во моментов не можам да кажам ништо повеќе. Но, повторно ви велам, пазете се, ако ја превземем Македонија, изјавил Чиро.

Додека во Хрватска на групата се гледа со голем оптимизам, Србите не се задоволни со противниците.

– Имаме многу тешка група со многу квалитетни репрезентации. Борбата за првите две места ќе се води помеѓу Србија, Хрватска, Белгија и Шкотска – изјавил Владимир Петровиќ Пижон. Хрватите се навистина силни. Тие имаат многу фудбалери кои играат во Европа, но исто така и Србија.

Утакмиците како онаа против Македонија, тие не се нормални. Тоа не е само фудбалски натпревар. Тука има многу други конотации. Но, ние сме силни, и не треба да стравуваме. Најголемата предност на Србите е силната одбрана, изјавил Билиќ.

Во 9 групи се класифицирани 53 европски тимови. На Светското првенство во Бразил 2014 година ќе се квалификуваат најдобрите 13 репрезентации. Првите 9 најдобри репрезентации одат директно, додека второпласираните 8 во плеј-оф натпревари ќе се борат за преостанатите 4 места кои водат на мундијалот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma